Пет тренери во трка за големото признание – кој ќе биде прогласен за најдобар?

August 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пет тренери во трка за големото признание – кој ќе биде прогласен за најдобар?

Покрај најпосакуваната индивидуална фудбалска награда – „Златната топка“, магазинот „Франс Фудбал“ и оваа година ќе додели признанија во повеќе категории, меѓу кои и наградата за најдобар тренер. За 2025 година, во конкуренција за признанието „Тренер на годината“ се најдоа пет истакнати имиња од најсилните европски клубови. Листата на номинирани ја сочинуваат: Антонио Конте (Наполи), Луис Енрике (ПСЖ), Ханси Флик (Барселона), Енцо Мареска (Челси) и Арне Слот (Ливерпул). Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 22 септември во Париз, кога ќе бидат прогласени добитниците во сите категории.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.