January 7, 2025 | | Свет
Иако сите очекуваа Ливерпул убедливо да го совлада Манчестер Јунајтед, сепак „црвените ѓаволи“ успеаја да ги разоткријат слабостите на тимот на Арне Слот. Ливерпул не ја оправда својата улога, а тимот можеше да остане со празни раце ако Хари Мегваер подобро се снајдеше со својата шанса во судиското продолжение, иако топката која беше испратена до него беше комплицирана и тешка и сепак се работи за стопер. Еден од најкритикуваните играчи по натпреварот беше Трент Александер-Арнолд, кој стана мета на медиумите и аналитичарите. Сè почесто се поврзува негово евентуално преминување во Реал Мадрид, а неговата изведба против Јунајтед привлече сериозни критики. Рој Кин, познат по својата острина, беше безмилосен во коментарите, а ни Емануел Пети не го поштеди играчот. „Отсекогаш сум мислел дека Трент е фантастичен играч со извонредни технички квалитети, додавања и визија. Но, тој не е дефанзивец и тоа го мрази. Кога играш во Ливерпул, тимот можеби може да го покрие тоа, но неговата игра во одбрана против Јунајтед беше ужасна. Голот на Лисандро Мартинез е пример за тоа, Арнолд беше мрзлив и неспособен. Со топка, Арнолд е меѓу најдобрите на својата позиција. Но без топка, тој е еден од најслабите. Овој натпревар имаше огромно значење, особено за него, бидејќи е роден во Ливерпул и клубот му е во крвта“, вели Пети за „DisCasino“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |