Пике има интересна идеја: Казна за екипите чии натпревари завршуваат со резултат 0-0

February 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пике има интересна идеја: Казна за екипите чии натпревари завршуваат со резултат 0-0

Жерар Пике, некогашниот стопер на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, во гостување кај Икер Касиљас изложи интересна идеја за промена во фудбалот. Тој смета дека натпреварите кои завршуваат 0:0 треба да бидат казнети со тоа што ниту една од екипите не би добила бод. Според сегашните правила, кога меч завршува без голови, двата тима освојуваат по еден бод. Но, Пике верува дека ако се воведе ново правило и се доделат нула бодови за вакви резултати, тимовите ќе бидат мотивирани да играат поофанзивно во завршницата. „Замислете, потрошите 100€, 200€ или 300€ за билет, а натпреварот завршува без голови. Нешто мора да се промени. Ако екипите знаат дека нема да добијат бод за 0:0, во 70-тата минута натпреварот би се отворил“, вели Пике, уверувајќи дека неговиот предлог би го направил фудбалот повозбудлив.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.