Пике ја оспори суспензијата на Овоно: Тоа беше несреќен случај

November 17, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Пике ја оспори суспензијата на Овоно: Тоа беше несреќен случај

Поранешниот шпански репрезентативец Жерар Пике ја критикуваше суспензијата од 12 натпревари изречена за голманот Хесус Овоно, оценувајќи дека тој не треба да биде обвинуван за последиците од инцидентот, кој според него бил несреќен случај. Пике смета дека казната треба да се однесува на самиот потег, а не на последиците што произлегле од него. Притоа, се потсети и на слична ситуација од 2012 година, кога се судрил со голманот Виктор Валдес. „Суспензијата од 12 натпревари за Хесус Овоно практично го обвинува за последици за кои не беше виновен. Казната треба да биде за потегот, а не за последиците. Во 2012 година се судрив со Виктор Валдес во многу слична ситуација, но тоа не значеше дека тој е виновен. Дури и да се случеше нешто многу полошо, тој повторно немаше да биде виновен. Ние луѓето често имаме потреба да обвиниме некого, бидејќи во спротивно не можеме да разбереме зошто се случуваат вакви работи на фудбалскиот терен. Тоа е несреќен случај“, изјави Пике.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.