Пике во свој стил: Ако луѓето мислат дека е лесно да се биде фудбалер, се лажат

September 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пике во свој стил: Ако луѓето мислат дека е лесно да се биде фудбалер, се лажат

Жерард Пике остави длабок траг во Барселона и реши порано да се пензионира од фудбалот па сега открива што всушност мисли за фудбалот генерално. Тој призна дека му било здодевно да биде фудбалер и дека луѓето мислат дека е лесно да се биде фудбалер. „Луѓето мислат дека е одлично да се биде фудбалер, но понекогаш едноставно не сакаш да го правиш тоа. Само замислете: треба да се разбудите во 9-10 часот наутро, да облечете шорцеви за да тренирате тактики и стратегија. Станува досадно! Нема да сакате повеќе да играте фудбал по 20 години кариера“, рече Пике. Од негов аспект можеби е полесно да се зборува на ваков начин знаејќи колку пари тој и фудбалерите генерално заработуваат или заработиле играјќи фудбал. Со клубот и репрезентацијата освои сè што можеше да се освои, а во својата кариера играше за Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал Сарагоса.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.