June 16, 2024 | | Свет
Репрезентацијата на Србија денеска го игра својот прв натпревар на ова Европско првенство, а уште на почетокот доаѓа еден од најголемите предизвици за Србија, дуелот против Англија која инаку се смета за еден од фаворитите. Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси рече дека тие не се плашат од Англија и планираат да ги нападнат. „Ако први дадеме гол, ќе им наредам на момците да дадат и втор. Шегата на страна, ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Кога играте против Англија треба да бидете на вашето најдобро ниво. Ќе направиме сѐ за да им создадеме проблеми и да креираме шанси. Ова е турнир, секој гол е важен. Ќе биде подготвени за предизвикот. Знам само дека нема да се браниме, туку дека не се плашиме од противникот и дека планираме да го нападнеме од првата минута“, рече Пикси. Натпреварот започнува во 21 часот на стадионот во Гелзенкирхен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |