September 6, 2024 | | Свет
Драган Стојковиќ Пикси очигледно не е во најдобар однос со многу играчи од селекцијата каде неколку важни играчи го одбија неговиот повик тврдејќи дека се повредени, а во исто време тренираат за своите клубови. Такви беа Сергеј Милинковиќ Савиќ, Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ кои не се дел од селекцијата на Србија на овој собир. Србија одигра солиден натпревар против Шпанија каде можеа да дојдат и до победа ако евентуално Јовиќ го погодеше она што не се промашува. „Мене ми е најважно што реакцијата на овие играчи беше извонредна во тактичка смисла. Има многу млади играчи и сите беа дисциплинирани. Ако се навратам на Германија, имаше моменти кога ме вадеа од кожа. Имаше играчи кои не сакаа да го испочитуваат тоа што го барам од нив. Нема да ги именувам, но имаше неколку. Треба да се игра како што ќе кажам јас, а не како што мислат некои играчи“, рече Пикси. После неуспешното Европско првенство сите очекуваа Пикси да добие отказ, но за чудо остана, па очигледно е зошто големите српски ѕвезди во моментов одбиваат да настапат за репрезентацијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |