Пикси одлучи: Не мрда од клупата на Србија!

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пикси одлучи: Не мрда од клупата на Србија!

Репрезентацијата на Србија сериозно потфрли на ова Европско првенство, па српските медиуми дури пренесуваа дека со сигурност тој ќе замине од клупата на Србија и дека ќе има нов селектор. Тоа изгледа се испостави како неточна информација бидејќи тој планира да остане на клупата на Србија, а медиумите во Србија оваа вест ја опишуваат како шокантна. Тој смета дека го извадил максимумот од овие фудбалери и дека Србија не се посрамотила. Некои медиуми пишуваат дека, без оглед на важечкиот договор и парите за отштета, околу еден милион евра, се очекувало тој да биде сменет веднаш по испаѓањето од ЕВРО 2024.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.