September 11, 2025 | | Свет
Иако Србија доживеа тежок пораз од Англија (0-5) во Белград, Драган Стојковиќ – Пикси засега останува на селекторската позиција. Сепак, неговиот статус не е целосно сигурен – според српските медиуми, Фудбалскиот сојуз му поставил јасен услов: мора да ја совлада Албанија во следниот меч. Клучната пресметка е закажана за 11 октомври. Триумф би ѝ овозможил на Србија повторно да се врати на второто место во групата, позиција која носи пласман во плеј-офот за Светското првенство. „Поразот од Англија беше големо разочарување. Се очекуваше многу посериозен отпор против една таква фудбалска сила. Но, шансата е пропуштена“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Србија. Во моментов „орлите“ имаат седум бодови и се наоѓаат на третата позиција, еден помалку од Албанија. Мечот со големиот балкански ривал ќе биде одлучувачки за иднината на Пикси и за српските надежи за Мундијалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |