August 7, 2024 | | Свет
Новата управа на Јунајтед на чело со Сер Џим Ратклиф реши да ги намали трошоците во клубот па така отпуштија дури 250 вработени. Еден од нив е Стив Браун, кој по 23 години поминати во Манчестер јунајтед го напушта клубот и токму тој се најде на оваа листа. Браун бил аналитичар во клубот а со своите 52 години ќе мора да ја менува работата. „По 23 години лојална служба, му дојде крајот на моето време поминато во Манчестер јунајтед, не поради мој избор, туку поради кратење на трошоците. Не планирав дека вака ќе го напуштам клубот, но одредени работи се случуваат за да не стават на тест“ – напиша Стив Браун. „Уживав во еден од најфантастичните периоди, се сретнав со многу легенди и бев дел (само мал дел) од легендарни моменти“, рече тој. Браун додаде дека не знае каков пат ќе одбере на 52 години, но дека ќе мора да продолжи понатаму. „Му посакувам на Манчестер Јунајтед се најдобро во иднина, се случија многу промени изминативе 23 години, некои добри, некои не толку добри. Можам само да порачам, „Не си ја продавајте душата за ситни пари“. Луѓето кои беа дел од клубот го направија ова место да биде специјално, богато со историја“, вели Браун.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |