April 21, 2025 | | Свет
Манчестер Сити се подготвува за значителна трансформација на тимот во пресрет на новата сезона, а по заминувањето на Кевин Де Брујне, уште едно големо име е на излезна врата. Според информациите објавени од новинарот Сач Таволери за „Скај Спорт“, клубот му соопштил на Бернардо Силва дека не е дел од плановите за иднината. Тоа значи крај на една успешна ера за креативниот фудбалер, кој со години беше еден од столбовите на тимот под водство на Пеп Гвардиола. Како најизгледна опција за продолжување на кариерата се споменува неговото враќање во Бенфика, клубот каде ја започна професионалната авантура. Сепак, не се исклучува ниту примамлива понуда од Саудиска Арабија, каде клубовите активно се вклучени во трката за ангажман на големи европски ѕвезди.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |