December 29, 2024 | | Свет
Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, на кратко ги остави зад себе лошите резултати и се израдува на победа на гостувањето кај Лестер. „Граѓаните“ последен пат славеа во Премиер лигата на 4 декември, кога на домашен терен го совладаа Нотингем Форест, а денеска успеаја да го победат Лестер со 2-0. Оваа победа е прва за Сити на гостински терен по повеќе од два месеца, односно од 20 октомври, кога го победија Вулверхемптон со 2-1. Херој на денот беше Савињо, кој постигна гол и асистираше за вториот. Тој се запиша во листата на стрелците во 21. минута, кога ја искористи одбиената топка и ја испрати во мрежата на Лестер. Во 74. минута, Савињо мајсторски центрираше до Халанд, кој го постави конечниот резултат на натпреварот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |