По гласините за развод поради неверство, се огласи Тер Штеген: Вие сте лажговци

March 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По гласините за развод поради неверство, се огласи Тер Штеген: Вие сте лажговци

Германскиот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се најде во фокусот на шпанските медиуми поради приватниот живот. На социјалните мрежи, Тер Штеген жестоко реагираше на шпекулациите дека причината за неговиот развод е наводното неверство на сопругата Даниела. „Шокиран сум од начинот на кој се водат државните медиуми „Catalunya Ràdio&Grupo 3Cat“ и од недостатокот на контрола врз ширењето лажни информации. Новинарите Џулијана Кејн, Роџер Карандел и Марта Монтанер објавија невистини, јавно навредувајќи ја Даниела и нарушувајќи ја нејзината репутација. Немаше неверство, нема трета страна. Тоа е факт. Како што објавивме, нашата одлука да се разделиме е донесена во атмосфера на доверба и меѓусебна почит. Апсолутно е неприфатливо државните медиуми да шират невистини и да ја напаѓаат Даниела. Штетата што ја направија е огромна“, напиша голманот на Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.