По Милан, и Интер направи ист пресврт (ВИДЕО)

March 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По Милан, и Интер направи ист пресврт (ВИДЕО)

Интер оствари драматична победа од 3-2, во натпревар кој многу потсетуваше на пресвртот на Милан против Лече одигран претходно. Лаутаро Мартинез прв ја затресе мрежата во 24. минута, но неговиот погодок беше поништен поради игра со рака. Десет минути подоцна, Бриндели го отвори резултатот, а Кеита Балде со вистински еврогол во 44. минута зголеми на 0-2. Во самиот финиш на првиот дел, Арнаутовиќ погоди за 1-2, намалувајќи ја негативата на Интер пред паузата. Второто полувреме донесе целосна офанзива на домаќините. Чалханоглу во 64. минута донесе израмнување, а конечните 3-2 беа поставени со автоголот на Кирјакопулос. Со оваа победа, Интер се зацврсти на врвот со 61 бод, четири повеќе од второпласираниот Наполи, кој утре ќе го одигра својот дуел против Фиорентина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.