По новиот кикс, Гвардиола изгледаше како мачки да го гребеле (ВИДЕО)

November 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

По новиот кикс, Гвардиола изгледаше како мачки да го гребеле (ВИДЕО)

Откако Манчестер Сити претпре пет порази по ред, вчера дојде нов кикс, реми против Феенорд каде прокоцкаа предност од три гола и конечниот резултат заврши 3-3. „Граѓаните“ немаат победа од 26 октомври, а по победата над Саутемптон во Премиер лигата, минаа шест натпревари без победа. По натпреварот, на прес-конференцијата тој се појави во очајна состојба и изгледаше буквално како мачки да го гребеле, па тој мораше да објаснува зошто изгледа така. „Тоа е од моите нокти, сакав да се повредам“, рече со насмевка Гвардиола на прес-конференцијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.