По објавата на Исак, Њукасл уште поцврст во својата одлука

August 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По објавата на Исак, Њукасл уште поцврст во својата одлука

Според информациите на британскиот весник „Дејли Мејл“, и онака тврдата позиција на Њукасл Јунајтед околу иднината на Александер Исак станала уште поцврста по неговата објава на социјалните мрежи. Фудбалерот пред два дена јавно изјави дека клубот не ги исполнил ветувањата што му биле дадени и дека довербата е нарушена. Таквата порака предизвика бурни реакции во англиската јавност и веднаш доби демант од раководството на клубот. Сепак, новите информации велат дека Њукасл дополнително ја зацврстил својата позиција и во овој момент нема намера да го пушти Исак да замине во летниот преоден рок. И покрај тоа, медиумите нагласуваат дека не може целосно да се исклучи можноста за евентуален трансфер во последните денови од преодниот рок, особено доколку пристигне навистина огромна понуда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.