June 15, 2025 | | Свет
Според повеќе турски медиуми, Галатасарај е блиску до доведување на уште едно звучно име од Бундестимот – по Лерој Сане, сега на ред е Андре Тер Штеген, актуелниот голман на Барселона. По заминувањето на легендарниот Фернандо Муслера, клубот од Истанбул активно бара негов наследник. Изборот паднал на искусниот Германец, а медиумите тврдат дека личните услови со голманот се веќе договорени. Следен чекор е постигнување договор помеѓу клубовите за обештетувањето. Галатасарај се надева дека би можел да го добие Тер Штеген без отштета, со оглед на високата плата која Барселона би ја заштедила со негово заминување. Во исто време, Каталонците веќе го завршија трансферот на Жоан Гарсија од Еспањол, а го имаат и Шчесни како потенцијална опција за прв голман, што укажува дека Тер Штеген би можел да биде ставен на трансфер-листа. Тер Штеген е дел од Барселона од 2014 година, но по 11 сезони, неговото време на „Камп Ноу“ можеби се ближи кон крајот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |