По пропаднатиот план на Нико, Барселона тргнува по Луис Диаз, или пак опцијата Ц

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По пропаднатиот план на Нико, Барселона тргнува по Луис Диаз, или пак опцијата Ц

Барселона повторно остана со празни раце бидејќи Нико Вилијамс и годинава ги одби „Каталонците“. Откако Атлетик Билбао го врза Вилијамс со десетгодишен договор, Деко се враќа на планот Б – Луис Диаз од Ливерпул. Но, ситуацијата е далеку од едноставна. Англичаните еднаш веќе ја одбија Барселона, па немаат намера да се откажат од клучниот офанзивец. Со тоа, на сцена може да настапи и планот Ц: Маркус Рашфорд. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед одамна мечтае да го облече дресот на Барса и „Камп Ноу“ може да му стане нов дом.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.