По Роналдо, елиминиран и Меси: Интер Мајами испадна од Купот на шампиони (ВИДЕО)

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По Роналдо, елиминиран и Меси: Интер Мајами испадна од Купот на шампиони (ВИДЕО)

Интер Мајами го заврши своето учество во Купот на шампиони на КОНКАКАФ по убедливата елиминација од Ванкувер Вајткепс, со вкупен резултат 1-5. Иако Жорди Алба даде надеж со раниот гол во реваншот, канадскиот тим набрзо ги презеде работите во свои раце и со три брзи гола стави печат на двомечот. Ова е тежок удар за тимот од Флорида кој со големи амбиции влезе во сезоната, особено со оглед на присуството на големи ѕвезди како Меси, Алба и Бускетс. Но, Ванкувер покажа зрелост, физичка подготвеност и ефикасност во клучните моменти. Со ова, Вајткепс ќе имаат шанса да се борат за титулата против Круз Азул или Тигрес, а Купот на шампиони сигурно ќе добие нов владетел оваа година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.