По Салах, ќе падне уште еден важен потпис во Ливерпул!

April 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

По Салах, ќе падне уште еден важен потпис во Ливерпул!

По утринската вест дека Мохамед Салах ја продолжува својата верност кон „црвените“, Ливерпул се подготвува да ја официјализира уште една значајна одлука. Следен на списокот за продолжување на соработката е капитенот Вирџил Ван Дајк. Холандскиот дефанзивец ќе потпише нов договор со Ливерпул што ќе важи до јуни 2027 година. Договорот е веќе финализиран, двете страни се согласија на сите детали, а реномираниот новинар Фабрицио Романо веќе стави печат со неговото препознатливо „Here we go“. Ван Дајк пристигна на „Енфилд“ во 2018 година од Саутемптон за рекордни 85 милиони евра, трансфер што се покажа како вистински потег за клубот. Од тогаш стана незаменлив дел од одбраната на тимот, се издигна до лидерска улога и заслужено ја доби капитенската лента. Официјалната потврда за неговиот нов договор се очекува наскоро.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.