По три кикса во Ла Лига, Барса „пукна петарда“ против Мајорка (ВИДЕО)

December 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

По три кикса во Ла Лига, Барса „пукна петарда“ против Мајорка (ВИДЕО)

По три натпревари без победа во Ла Лига, Барселона конечно успеа да запише победа и тоа на гостински терен кај Мајорка со резултат од 1-5. Резултатот го отвори Феран Торес во 12. минута, кој постигна гол со многу среќа. Пред самиот крај на полувремето, по неуспешната офсајд замка на Каталонците, стрелаше Муричи на асистенција на Пабло Мафео. Барселона го возврати водството со гол од пенал во 56. минута каде стрелеш беше Рафиња откако претходно Јамал беше соборен во шеснаесетникот. Потврда за победата дојде во 74. минута каде повторно стрелец беше Рафиња на асистенција на Јамал кој му даде „тривела“ пас. По само пет минути, Јамал повторно го направи истиот потег кој водеше до нов гол каде стрелец беше Френки Де Јонг. Во 84. минута во листата на стрелците се запиша и Пау Виктор, а асистент беше Де Јонг. Наредното коло Барселона ќе гостува кај секогаш незгодниот Реал Бетис.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.