August 16, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед и Фулам во 21 часот на „Олд Трафорд“ ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата. Ова ќе биде 33-та сезона во Премиер лигата, а 126-та во историјата на најсилната дивизија на англискиот фудбал. Јунајтед е под сериозен притисок да избори добар пласман сезонава, а иако секоја година од нив се очекува дури и да се борат за титулата, реалноста е далеку од тоа. Воедно, Тен Хаг и Марко Силва ги објавија почетните состави и за двата тима. Вкупно овие тимови се имаат сретнато во 34 наврати во Премиер лигата каде Јунајтед има дури 24 победи, Фулам само четири, како и шест нерешени натпревари. Во само два наврати Фулам има остварено победа на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед: Онана, Мазрауи, Мегваер, Мартинез, Дало, Маунт, Рашфорд, Амад Диало, Каземиро, Меино и Бруно Фернандеш. Фулам: Лено, Тете, Басеи, Диоп, Робинсон, Траоре, Ивоби, Переира, Лукиќ, Смит Роу и Родриго Муниз.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |