March 19, 2025 | | Свет
Поранешниот црногорски напаѓач Андрија Делибашиќ ја загуби двегодишната битка со тумор на мозокот и почина на 43-годишна возраст. Радио Телевизија Црна Гора ја објави оваа тажна вест за прераната загуба на некогашниот фудбалер. Делибашиќ се прослави со настапите во Партизан, каде што беше најдобар стрелец на тимот во Лигата на шампионите, постигнувајќи два гола против Порто и еден против Олимпик Марсеј. Во текот на кариерата играше за бројни клубови како Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Реал Сосиедад, Еркулес и Рајо Ваљекано, а настапуваше и во Тајланд за Рачабури, како и за црногорската Сутјеска. За репрезентацијата на Црна Гора одигра 21 натпревар и постигна шест голови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |