Почина навивачот кој синоќа колабираше на дуелот меѓу Баерн и Бенфика

November 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Почина навивачот кој синоќа колабираше на дуелот меѓу Баерн и Бенфика

Баерн Минхен славеше минимално против Бенфика во четвртото коло од Лигата на шампионите, но победата падна во втор план поради трагедијата која се случи. Имено, откако почна натпреварот, истиот беше прекинат бидејќи на еден навивач му се слошило и колабирал. Му била укажана медицинска помош, бил префрлен во најблиската клиника, но на патот дотаму, починал. „Баерн тагува со семејството на починатиот. Смртта ја засени нашата победа од 1-0 над Бенфика“, соопшти клубот преку социјалните мрежи. На натпреварот го немаше вообичаеното навивање, а немаше ниту музика во текот на полувремето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.