Почина поранешен фудбалер на Јувентус кој имаше само 32 години

March 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Почина поранешен фудбалер на Јувентус кој имаше само 32 години

Тажна вест пристигнува од Шпанија – поранешниот фудбалер на Јувентус, Нико Идалго, почина на 32-годишна возраст по долгата борба со рак на белите дробови. Идалго ја започна својата битка со болеста во онколошката болница во Гранада, но по три години, за жал, ја загуби. Дијагнозата му беше поставена откако го одигра својот последен натпревар во мај 2021 година, а во јануари 2022 година стави крај на својата фудбалска кариера. Во текот на својата професионална кариера, Идалго настапуваше за неколку клубови, меѓу кои Гранада, Мотрил, Кадиз, Расинг Сантандер и Екстрамадура. Дел од Јувентус беше во периодот од 2014 до 2017 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.