June 15, 2024 | | Свет
Почина Кевин Кембел, човекот кој во кариерата играше за Арсенал и Евертон. Причината за смртта е тешка болест, „Потресени сме од сознанието дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше сакан од сите во клубот. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овој тежок момент. Почивај во мир Кевин“, објави Арсенал. Во кариерата Кембел настапуваше за Арсенал, Нотингем Форест и Евертон, постигнувајќи 148 голови на 542 натпревари. Со Арсенал го освои англиското првенство (1990-91), ФА Купот и Лига купот (1992-93), како и Купот на европските победници (1993-94).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |