July 28, 2024 | | Свет
Манчестер јунајтед загуби со 1-2 од Арсенал во пријателскиот меч во САД во рамките на пред сезоната, а уште позагрижувачка е веста што останаа без Јоро и Хојлунд поради повреди. „Ќе треба да почекаме 24 часа а да имаме појасна слика. Бевме внимателни, особено со Лени Јоро бидејќи тој одработи само 50% од тренинзите. Мораше да го напушти теренот предвреме, но ајде да бидеме позитивни и да видиме што ќе се случи“, изјави тренерот на Јунајтед Тен Хаг. Хојлунд погоди за водство на Јунајтед, но потоа се повреди и мораше да ја напушти играта, а по негови стапки тргна и Јоро. Габриел Жесус израмни на 1-1, а победата на Арсенал ја донесе Мартинели на десет минути пред крајот на натпреварот. Интересно беше што двете екипи меѓусебно се договориле да шутираат пенали во кои Јунајтед со 4-3 беше победник.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |