Погба: И Ибрахимовиќ да ме бара, не одам во Милан

October 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Погба: И Ибрахимовиќ да ме бара, не одам во Милан

Пол Погба изјави дека не постојат шанси тој да премине во Милан и изрази желба да остане во Јувентус. „Дали ќе се приклучам на Милан? Невозможно. Ибрахимовиќ и да ме повика, знае дека нема да го изневерам Јувентус. Не се гледам себеси во друг дрес. Фокусиран сум на враќање во Јувентус. Мојата суспензија беше шок за мене и моето семејство. Тоа зеде данок на мојата психа. Беше навистина тешко време и моравме да бидеме трпеливи. Важно беше да се задржи вербата и позитивниот став за да си кажете дека работите ќе се подобрат. Затоа што знам дека сум невин и ова е многу тешка казна. Четири години се многу, и тоа е неправедно“, вели Погба. Погба ќе може да се врати на терените во март 2025 година и додека тој сака да остане во Јувентус, клубот во моментов има други планови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.