Погба се враќа во елитниот фудбал по две години!

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Погба се враќа во елитниот фудбал по две години!

По речиси две години пауза поради суспензија за допинг, Пол Погба конечно би можел да се врати на фудбалските терени. Според познатиот трансфер-новинар Фабрицио Романо, до Погба пристигнала конкретна понуда од францускиот прволигаш Монако. Понудата е за двегодишен договор, а доколку ја прифати, Погба би се приклучил на подготовките за новата сезона која стартува на 15 август. Последниот натпревар Погба го одигра во мај 2023 година за Јувентус. Сега, на 32 години, има шанса повторно да се врати на елитно ниво – и тоа во родната Франција. Иако порано се спомнуваше интерес од Марсеј, тие гласини беа брзо отфрлени. Сега Монако изгледа како реална и солидна опција за нов почеток на некогашниот светски шампион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.