Погрешна проценка на Ноер, Дуран го казни! (ВИДЕО)

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Погрешна проценка на Ноер, Дуран го казни! (ВИДЕО)

Баерн Минхен губи против Астон Вила со страшниот гол на Џон Дуран. Напаѓачот влезе од клупата на местото на Воткинс во 70. минута. Домаќините неочекувано постигнаа гол по една акција каде Пау Торес испрати долга топка до Дуран. Голманот Ноер прво тргна да реагира, но потоа се повлече, но Дуран тоа го забележа и се реши да шутира и да погоди. Баерн Минхен доминираше во текот на целиот натпревар, но домаќините успеаа први да постигнат гол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.