Покажал дека му значи тимот: Левандовски сакал да направи огромен гест летово

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Покажал дека му значи тимот: Левандовски сакал да направи огромен гест летово

Барселона и ова лето се соочуваше со регистрацијата на фудбалери, а тоа ќе биде така сѐ додека не се потпишат одредени финансиски договори со кои клубот ќе застане на нозе и ќе може да пријавува фудбалери без никакви проблеми. Претседателот на Барселона Жоан Лапорта денеска ја објасни ситуацијата во клубот каде откри еден интересен детал поврзан со Роберт Левандовски. „Робер е максимално посветен на клубот. Кога слушна дека имаме проблем со регистрација на фудбалери, се понуди да му се намали платата. Навистина го ценев овој гест, но му кажав дека нема потреба да го прави тоа“, рече Лапорта. Барселона успеа да го регистрира Олмо благодарение на повредата на Кристенсен кој подолго време ќе биде отсутен. Имено, правилата во Ла Лига велат дека еден играч може да се регистрира ако друг фудбалер е долгорочно повреден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.