Пол Погба му се враќа на фудбалот!

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пол Погба му се враќа на фудбалот!

Пол Погба доби четиригодишна суспензија лани откако беше позитивен на допинг тест. 31-годишниот играч на Јувентус беше суспендиран како мерка на претпазливост во септември 2023 година, откако беше откриено дека е позитивен на метаболити на тестостерон по натпреварот на Јувентус против Удинезе на 20 август. Сега новинарот Сами Комбел од „Daily Mail“ пренесува дека дошло до пресврт во неговиот случај. Имено, неговата казна е намалена од четири години на само 18 месеци и тој ќе може да започне да тренира со Јувентус во јануари, а да заигра фудбал во месец март. Ова е одлична вест за Пол Погба кој пред неколку месеци имаше емотивно интервју зборувајќи за неговата суспензија. Слободно може да се каже дека кога Французинот е расположен за игра, тој дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери во светот. Многу фанови сметаат дека сепак тој не го исполни својот потенцијал, особено во Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.