Полувреме: Ливерпул постигна два гола со глава и направи пресврт против Милан! (ВИДЕО)

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Полувреме: Ливерпул постигна два гола со глава и направи пресврт против Милан! (ВИДЕО)

Ливерпул на полувреме води со 2-1 против Милан на „Сан Сиро“. Домаќините први постигнаа гол преку Пулишиќ во 3. минута на асистенција на Алваро Мората. На играчите на Ливерпул им требаше време за да се стабилизираат а откако ја презедоа контролата врз натпреварот, успеаа да постигнат два гола со глава. Првиот дојде преку Конате во 23. минута на асистенција на Александер Арнолд, а пресвртот дојде во 41. минута повторно со глава и тоа од корнер, а стрелец беше Ван Дајк, а му асистираше Цимикас. Резултати на полувреме од другите натпревари: Баерн Минхен-Динамо Загреб - 3:0 Реал Мадрид-Штутгарт - 0:0 Спортинг Лисабон-Лил - 1:0

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.