Полувреме од соништата за Челси – Палмер го разнесе ПСЖ! (ВИДЕО)

July 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Полувреме од соништата за Челси – Палмер го разнесе ПСЖ! (ВИДЕО)

Челси ита кон светската титула каде по доминантните 45 минути на финалето во Њујорк, „сините“ водат со убедливи 3-0 против ПСЖ, а Кол Палмер е апсолутна ѕвезда на шоуто. Прво самиот отвори со гол во 22. минута, па само осум минути подоцна го дуплираше водството со прецизен удар што го остави Донарума без одговор. А како да не беше доволно, Палмер во 43. минута мајсторски асистираше до Жоао Педро, кој ја затресе мрежата за огромни 3-0 на паузата. Парижаните изгледаат изгубено, а Челси игра како во транс. Дали ова ќе биде историска вечер за тимот од Лондон? Второто полувреме ветува драма, но Челси веќе има една рака на пехарот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.