Понижувачка статистика: Фоден дал повеќе пасови на Пикфорд отколку на Кејн!

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Понижувачка статистика: Фоден дал повеќе пасови на Пикфорд отколку на Кејн!

Англија ќе патува во нокаут фазата како лидер во својата група каде успеаа да постигнат само два гола, еден на Белингем и еден на Кејн. Играат очајно а се очекува од нив многу, а најмногу зачувуда и самиот пристап кој го имаат во натпреварите каде се игра бавен фудбал, дефанзивен и без енергија. За тоа колку лошо играат сведочи и следната статистика: Фоден додал повеќе пасови на голманот Пикфорд отколку на напаѓачот Кејн. На Пикфорд му дал три пасови, а на Кејн само еден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.