August 13, 2024 | | Свет
Тимот на Ал-Ахли изгледа сериозно загриза за Винисиус. За разлика од „Marca“ која објави дека понудата веднаш била одбиена и изнесувала 400 милиони евра за “кралевите“ а милијарда евра за Бразилецот, „AS“ пренесува дека таа понуда всушност не била одбиена. Дон Флорентино Перез не сакал да разговара со претставниците на клубот од С. Арабија, па му дал задача на извршниот претседател Хозе Анхел Санчез да проба да извлече една милијарда евра од овој трансфер. Ова значи дека ако Саудијците го сакаат Винисиус ќе мора да ја платат откупната клаузула, а таа изнесува милијарда евра. Ал Ахли му понудил на Бразилецот годишна плата од 200 милиони евра, иста како на Роналдо во Ал Наср, но со договор на пет голдини. Бонусите би биле плус па тој за пет години би можел да заработи над милијарда евра. Ваквиот трансфер би бил сериозен удар за фудбалот и за висината на трансферите генерално каде веќе сумите на трансферите одамна се променија со трансферот на Нејмар од 222 милиони евра во ПСЖ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |