Поради проблемите кои Елмас ги има во Лајпциг, направен е посебен план за него!

August 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Поради проблемите кои Елмас ги има во Лајпциг, направен е посебен план за него!

Како што пренесува германски „Bild“, Лајцпиг реши да направи специјален план за работа за Ељиф Елмас. Тој има посебен нутриционистички план, работи и во вежбалницата за физички да се врати во добра форма, а често разговарал и со клупскиот психолог Петер Шнајдер. „Елмас ја има нашата поддршка во целост, го туркаме во сите можни сегменти да биде подобар и да има интензитет. Работиме секаде - ментално, нутриционистички, кондициски. Елмас е супер-фудбалер, тоа може да го видите во одредени ситуации од мечот со ПСЖ. Се надевам дека ќе ги надмине пречките ментално, но исто и на теренот“, изјави тренерот Розе за „Bild“. Како што пренесува овој медиум, проблемот за Елмас е различниот стил на фудбал кој се преферира во Лајцпиг за разлика од претходно во Наполи каде тука треба добра физичка подготвеност бидејќи се посветува внимание на пресингот, за разлика од Наполи каде тие повеќе преферираат посед на топката. Со заминувањето на Олмо и повредата на коленото која ја има Кристоф Баумгартнер, Елмас може да се докаже сезонава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.