July 31, 2024 | | Свет
Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија го откажа трансферот во неговиот клуб од детството Росарио бидејќи доби смртни закани. Претходно, Ди Марија рече дека сака да ја заврши кариерата во родниот град по заминувањето од Бенфика. Тој се откажал од враќањето во Росарио бидејќи имало упатени смртни закани упатени кон него и неговото семејство. Првите закани ги доби во март додека беше во САД со репрезентацијата. Тогаш неговата сестра на работа добила кутија во која имало свинска глава со куршум во челото. „Во кутијата имаше и порака дека следната глава во кутијата ќе биде мојата ќерка Пиа. Тие месеци беа страшни, можевме само да седиме и да плачеме“, објаснува тој. Според аргентинските власти, заканите кои тој ги добил биле обид за демонстрација на моќ од криминалните организации во Росарио. Ди Марија кариерата ја започна во Росарио, а потоа играше за Бенфика, Реал, Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, а од јули 2023 година повторно играше за Бенфика.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |