Порака од Роналдо до Хојлунд: Гледај ме утре како славам!

March 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Порака од Роналдо до Хојлунд: Гледај ме утре како славам!

Реванш натпреварот од бараж двомечот во Лигата на нации меѓу Португалија и Данска се игра утре во Лисабон. Данците имаат предност од 1-0 благодарение на голот на Хојлунд на првиот меч, кој го одиграа на домашен терен. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед тогаш ја прослави победата со популарното „сиууу“ во стилот на Кристијано Роналдо. На Хојлунд му беше забележано дека покажал недоволна почит кон португалската легенда, но самиот Роналдо не гледа така на ситуацијата. „Прославата на Хојлунд не е проблем, знам дека тој ме почитува. Се повеќе спортисти го користат овој начин на прослава, тоа не е ништо ново. Утре Хојлунд ќе ме види мене како славам“, изјави Роналдо. Додека јавноста зборува за тоа, поважен проблем за португалската ѕвезда можеби е неговиот слаб настап во Копенхаген, кој предизвика бурни реакции во Португалија. Се почесто се слушаат гласови дека неговото време во репрезентацијата завршило и дека неговото присуство ја уназадува екипата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.