Поранешен играч на Арсенал има смртоносна и пренослива туберколоза

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Поранешен играч на Арсенал има смртоносна и пренослива туберколоза

Лукас Перез кој во моментов е член на ПСВ боледува од туберколоза која е смртоносна и пренослива, пренесуваат холандските медиуми. Клубот од Ајндховен издаде соопштение дека играчот во моментов е изолиран од остатокот од екипата. Воедно, сите играчи кои биле со него во контакт се известени за новонастанатата ситуација. Иако постои лек против ова решение, истото сепак однесува околу 3 милиони животи на светско ниво. Перез во својата кариера има настапувано за Рајо Ваљекано, Депортиво, Арсенал и Вест Хем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.