Поранешен играч на Реал Мадрид наскоро прави трансфер во Интер Мајами!

October 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Поранешен играч на Реал Мадрид наскоро прави трансфер во Интер Мајами!

Интер Мајами продолжува да ангажира искусни играчи со кои ќе атакува на титулата во МЛС. Во изминатите сезони, покрај Меси, беа донесени Серхио Бускетс, Луис Суарез, Жорди Алба како и аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол. Но, оваа група постепено се распаѓа. Бускетс најави крај на кариерата по завршувањето на тековната сезона, а Суарез, кој во јануари ќе наполни 39 години, исто така размислува за пензионирање. Токму поради тоа клубот веќе планира реновирање на тимот. Следна цел е шпанскиот лев бек Серхио Регуилон, производ на академијата на Реал Мадрид. Тој за првиот тим одигра само 14 натпревари во периодот од 2018 до 2020 година, а потоа се пресели во Тотенхем. Летово замина од Лондон и во моментов е без клуб, што му дава можност веднаш да се приклучи на Интер Мајами како слободен играч. Регуилон би бил значајно засилување за завршницата од сезоната во МЛС, во која тимот на Меси ќе се обиде да ја освои шампионската титула.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.