Поранешен романски фудбалер со шокантно тврдење: Договорено е да одиграме нерешено со Словачка

June 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Поранешен романски фудбалер со шокантно тврдење: Договорено е да одиграме нерешено со Словачка

Се повеќе засилуваат шпекулациите за тоа дека Романија и Словачка во последното коло би можеле намерно да одиграат нерешен натпревар. Причината е јасна. Со нерешен резултат двете репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето на турнирот. Исто така, во обложувалниците падна и коефициентот за облог за конечен нерешен резултат на овој натпревар. Поранешниот романски фудбалер Данут Лупу воедно тврди дека резултатот е договорен. „Ќе се квалификуваме понатаму, ќе одиграме реми со Словачка. Сè е договорено, би било штета и едните и другите да не минеме понатаму. Зошто да ризикуваме? на тоа ниво играчите одлично се сложуваат. Зошто да дојде до несреќа и едниот тим да не мине понатаму?“, рече Лупу. Оваа група ја сочинуваат Романија, Словачка, Белгија и Украина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.