Поранешен судија призна дека не му дал жолт на Меси за да земе негов дрес

September 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Поранешен судија призна дека не му дал жолт на Меси за да земе негов дрес

Поранешниот судија Карлос Чандија го привлече вниманието на јавноста бидејќи призна дека на еден натпревар не му покажал жолт картон на Лионел Меси, а Аргентинецот за возврат му го дал својот дрес. Тоа било во далечната 2007 година во Копа Америка каде ако Меси на тој дуел добиел жолт картон, нема да можел да настапи во финалето против Бразил. На тој натпревар Аргентина убедливо триумфирала над Мексико со 3:0 каде Меси бил и стрелец на тој дуел. Но, во ситуација кога Меси требало да добие жолт картон, судијата „му прогледал низ прсти“ во замена за неговиот дрес. „Од никаде Меси играше со рака на средината од игралиштето. Немаше никаква опасност по голот на Аргентина и тогаш му реков дека нема да му покажам жолт картон, но по мечот да ми го даде дресот. Аргентина водеше и со 3:0 беше решен дуелот, но ако му покажев жолт картон, немаше да игра во финалето. По средбата, Меси дојде до мене и сакаше да ми го подари дресот. Му реков дека нема тоа да го направи додека сме на терен, туку да го однесе во мојата соблекувална. Дојде, ми го донесе дресот и тоа нема никогаш да го заборавам“, откри Чандија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.