Поранешниот клуб на Пандев го сака Миовски, Абердин бара осум милиони евра!

July 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Поранешниот клуб на Пандев го сака Миовски, Абердин бара осум милиони евра!

Се очекува Бојан Миовски летово да замине од Абердин. Според последните информации, екипата на Џенова е новиот клуб кој покажал интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски. Џенова бара голгетер, а наводно неговиот клуб Абердин бара осум милиони евра за овој трансфер. Минатата сезона Џенова заврши на 11. место во Серија А, а во Миовски гледаат врвен голгетер кој ќе им помогне да ја подобрат позицијата од претходната сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.