Поранешниот тренер на Дортмунд е еден од кандидатите за тренер на Јунајтед

October 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Поранешниот тренер на Дортмунд е еден од кандидатите за тренер на Јунајтед

Управата на Манчестер Јунајтед ги разгледува опциите за евентуалната замена на Тен Хаг каде тој би можел да биде променет наскоро ако нема резултати. Според британски „The Sun“, Един Терзиќ е еден од неколкуте кандидати кои би можеле да го заменат Холанѓанецот. Наводно, тој има многу обожаватели на „Олд Трафорд“, но ваквиот потег би бил неочекуван ако го отпуштат Тен Хаг. Терзиќ беше помошник на Славен Билиќ во Вест Хем. Во Борусија Дортмунд тој ќе биде запаметен по губењето на титулата во последното коло во Бундеслигата и поразот во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Јунајтед моментално ја разгледува позицијата на Тен Хег каде други опции се Потер и Герет Саутгејт, а во текот на летото раководството преговараше со Томас Тухел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.