Поразот донесе тензии: Модриќ и Дијаз имале жестока расправија по мечот

April 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Поразот донесе тензии: Модриќ и Дијаз имале жестока расправија по мечот

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид била напната по драматичниот пораз од Барселона (3:2) во финалето на Купот на кралот, а настрадаа односите меѓу Лука Модриќ и Брахим Дијаз. Шпанските медиуми објавија дека хрватскиот ас му забележал на Дијаз за спорото реагирање на неговото додавање, кое Кунде го пресече и донесе победа за каталонскиот гигант. „Мораш побрзо да одиш на таа топка“, му упатил забелешка Модриќ, на што Дијаз одговорил: „Кога тргнав, тие веќе беа во контранапад.“ Тренерот Карло Анчелоти на прес-конференцијата се обиде да ја смири ситуацијата, објаснувајќи дека станувало збор за недоразбирање и потенцирајќи дека ваквите детали често носат одлучувачка тежина на вакви мечеви. Расправијата меѓу Модриќ и Дијаз била само еден од многуте тензични моменти во соблекувалната на „кралевите“ по уште еден болен пораз во продолженијата. Инаку, Барселона со оваа победа дојде до својот 32. трофеј во историјата на Купот на Шпанија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.