Порто успеа да го доведе Лук Де Јону преку ракометниот клуб!

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Порто успеа да го доведе Лук Де Јону преку ракометниот клуб!

Фудбалскиот клуб Порто реши да оди чекор подалеку во креативноста и да приреди спектакл за своите навивачи. При доведувањето на искусниот холандски напаѓач Лук Де Јонг, „змејовите“ смислија вистинска медиумска камуфлажа – го регистрираа како член на својот ракометен тим. Со овој потег, информацијата за трансферот беше целосно сокриена од јавноста. Поранешниот играч на Барселона пристигна во Порто во најстрога тајност, а единствената „најава“ за неговото доаѓање беа фотографиите од медицинските прегледи, објавени на профилот на ракометниот клуб. Кулминацијата дојде пред пријателскиот натпревар со Атлетико Мадрид. Стадионот беше преполн, а фановите мислеа дека гледаат обична промоција. Но, кога дикторот го објави името на Лук Де Јонг и тој истрча на тревникот, еуфоријата експлодираше. Навивачите, кои до последен момент не знаеја ништо, го поздравија со громогласен аплауз – токму како што Порто и замисли: изненадување кое ќе се прераскажува долго.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.