Португалија ја прегази Турција, падна најсмешниот автогол на ЕП! (ВИДЕО)

June 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Португалија ја прегази Турција, падна најсмешниот автогол на ЕП! (ВИДЕО)

Португалија рутински ја совлада селекцијата на Турција со резултат од 0-3. Резултатот го отвори Бернардо Силва во 21. минута а ова беше прв негов гол на Европските првенства. Вториот гол падна во 28. минута со автогол на Акајдин после една комична ситуација каде имаше недоразбирање меѓу фудбалерите на Турција па ова дефинитивно е најсмешниот автогол досега на Европското првенство. Во второто полувреме и Бруно Фернандез се запиша во листата на стрелците кога во 56. минута Роналдо несебично му додаде на Бруно за конечни 0-3. Со асистенцијата Роналдо се впиша во историјата, односно истата беше негово седмо додавање за гол и стана најдобриот асистент во историјата на континенталното натпреварување. Со оваа победа Португалија се пласираше во осминафиналето, а последниот натпревар во групната фаза ќе го одигра против Грузија. Од друга страна, Турција ќе игра со Чешка каде со победа и тие ќе обезбедат нокаут фаза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.