June 8, 2025 | | Свет
Португалија е новиот освојувач на четвртото издание на УЕФА Лигата на нации, откако во драматично финале ја совлада Шпанија по изведување пенали со 5-3. Регуларниот дел од натпреварот заврши 2-2. Шпанците двапати водеа, благодарение на головите на играчите на Реал Сосиедад – Зубименди и Ојарзабал – но Португалија не дозволи да биде поразена. Израмнувачките погодоци ги постигнаа Нуно Мендес и Кристијано Роналдо, кој повторно покажа зошто е легенда на својот тим. Шпанија имаше повеќе од поседот и создаде повеќе шанси, но не успеа да ги материјализира. За разлика од нив, Португалците беа ефикасни – своите два гола ги постигнаа со првите два удари кон голот. По второто израмнување, темпото значително опадна, а во продолженијата ретко се гледаа вистински опасности пред двата гола. На две минути пред крајот на регуларниот дел, Португалија остана без својот капитен – Кристијано Роналдо заработи повреда, веројатно на задната ложа, што потсети на неговото излегување од финалето на ЕП 2016. И покрај тоа, Шпанија не успеа да го искористи неговото отсуство, а продолженијата поминаа без погодоци и со намален интензитет. Во пенал-рулетот, беа реализирани осум од девет удари. Единствениот кој промаши беше Алваро Мората – влезе во 111. минута специјално за пеналите, но неговиот обид го одбрани Диого Коста, кој стана херој на вечерта. Со оваа победа, Португалија ја освои својата втора титула во Лигата на нации, израмнувајќи се со Франција. Шпанија, пак, останува со една. Ш
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |