После долга сага, договорот е близу: Алфонсо Дејвис донесе одлука за иднината

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

После долга сага, договорот е близу: Алфонсо Дејвис донесе одлука за иднината

По многу месеци преговори, Алфонсо Дејвис и Баерн Минхен конечно се близу до договор и скоро па сигурно левиот бек останува, пишува Дејвид Орнстин од The Athletic. Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а последните денови дојде до нови тензии помеѓу претставниците на Дејвис и клубот каде се бараше плата од над 20 милиони евра, но сега и тој проблем е надминат. Тој ќе го продолжи договорот барем до 2029 година, а постојат одредени шанси тој да биде и до 2030 година. Денеска бил „денот Д“ за Баерн Минхен бидејќи директорот Макс Еберл заедно со неговиот агент седнал и ги решил дилемите со претставниците на Дејвис. Дејвис пристигна во Баерн од МЛС тимот Ванкувер во јануари 2019 година и од тогаш настапи на 218 натпревари за тимот од Минхен. Со Баерн освои пет трофеи во Бундеслигата и беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на Лигата на шампиони во 2020 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.